На Анчелоти не му се брза да го продолжи договорот со Реал: „Тука сум до 30 јуни 2024“

На тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти очигледно не му се брза да го продолжи договорот со „кралевите“ кој му завршува во јуни следнава година.

На постојаните шпекулации за негово заминување и преземање на селекторската клупа во Бразил, Анчелоти постојано со одговор.

„Да се биде тренер на Реал е најважна работа. Ако клубот е среќен, тогаш сум и јас. Но, нема брзање да се обнови договорот уште сега. Тука сум до 30. јуни 2024“ – вели Анчелоти.

Сепак, од фудбалската федерација на Бразил најавуваат дека од јуни го очекуваат Анчелоти на чело на нивната селекција. Бразил го ангажираше Фернандо Динис со едногодишен договор до јуни 2024, токму кога и завршува договорот на Анчелоти со Реал.

Се вчитува...