Леонардо ди Каприо не знае што е тоа Арсенал, па доби жестоко исмејување од Месут Озил (ФОТО)

Легендарниот Леонардо Ди Каприо не е човек кој нешто многу знае за фудбалот. Како што вели не го интересира многу најважната споредна работа на светот, а тоа го покажа и со одговорот на прашањето за лондонски Арсенал.

„Арсенал? Што е тоа Арсенал?“ – изјави 49-годишниот актер.

Но, на сето тоа реагираше поранешниот член на „топчиите“, Месут Озил кој жестоко го исмеја славниот актер познат по врските со девојки кои задолжително се помлади од 25 години.

„Арсенал е постар од 25 години. Зошто па тогаш би го знаел?“ – напиша Озил на својот твитер профил.

Низок удар од поранешниот германски репрезентативец за актерот, но доби бројни коментари со поддршка за тоа што го напиша.

Леонардо ди Каприо очигледно не следи многу фудбалот, но затоа, пак, често е на кошаркарските натпревари од НБА лигата како и на големите тениски турнири.

Се вчитува...