Кошаркарот на Сакраменто, Киган Мареј ја одбележа синоќешната вечер во НБА лигата со 12 тројки во победата на неговиот тим над Јута од 125-104.
Мареј се запиша во историјата на лигата со 11 постигнати тројки од првите 11 обиди!
Мечот го заврши со 47 постигнати поени и само три промашени шута за три поени од 15 обиди.
Тој две тројки запиша во првата четвртина, е неверојатната серија ја продолжи во третата четвртина кога „решеташе“ од сите позиции без грешка. Шест тројки постигна во тој период доведувајќи ги сите навивачи на трибините до делириум. Во третата четвртина постави и рекорд на франшизата по бројот на поени во една четвртина – постигнувајќи 26!
Watch all 12 of Keegan Murray’s 3-pointers from his 47-point career night! pic.twitter.com/gedyM7nlal
— NBA (@NBA) December 17, 2023
На крајот не успеа да го стигне рекордот на Клеј Томпсон од 14 тројки откако ги промаши последните два свои обиди од зад линијата за три поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

