Нов Бразилец во Македонија ЃП

Раководството на Македонија ЃП го продолжува ремонтот во играчкиот кадар, па откако беше објавено дека клубот од Ѓорче Петров се разделува од четири фудбалери (Јаго, Темелков, Алексовски и Стојкоски), денеска „лавовите“ го претставија првото засилување за пролетниот дел од сеоната.

Станува збор за уште еден бразилски интернационалец, и тоа Џонатас Жилберто да Силва, фудбалер кој настапува во одбраната линија и треба да помогне во дефанзивата на „лавовите“.

Овој 27-годишен фудбалер доаѓа од татковината, каде настапуваше за нисколигашот Перолас Неграс, а интересно е што ланската сезона смени четири екипи и заврши во Гонсаленсе, од каде минатото лето стигна во Перолас Неграс, а трансферот во Македонија ЃП му е прв европски предизвик во кариерата.

Се вчитува...