Арсенал славеше над Брајтон, продолжува „бајката“ на Астон Вила

Арсенал барем привремено се искачи на врвот на табелата откако „топчиите“ славеа со 2-0 над Брајтон, прекинувајќи ја серијата на гостите кои на сите досегашни овосезонски дуели имаа постигнато најмалку по еден гол. Избраниците на Артета одиграа одличен дуел, создадоа бројни шанси, а головите ги постигнаа во второто полувреме, најпрвин преку Жезус по корнерот на Сака, а потоа и преку Каи Хаверц на асистенција на Нкетиа.

Астон Вила се надоврза на серијата одлични игри на домашен терен со победа на гостувањето против Брентфорд од 1-2. Избраниците на Емери губеа по првиот дел, но мечот доби поинаков тек по црвениот картон на домашниот дефанзивец Бен Ми. Левиот бек Морено погоди за израмнување на 1-1, а пресвртот го комплетираше поранешниот фудбалер на Брентфорд, сега најдобар играч на Астон Вила, Оли Воткинс.

Арсенал моментно е лидер со 39 бода, пред Астон Вила со 38, додека Ливерпул има 37, но и „црвените “ треба допрва да го одиграат својот меч од ова коло, на домашен терен против Манчестер Јунајтед.

Вест Хем полесно од очекувањата стигна до триумф над Вулверхемптон од 3-0. Бразилецот Пакета асистираше при трите гола на „чеканите“, од кои два постигна Кудус, а еден Боувен.

Се вчитува...