Штета: Миовски го играше финалето, но Абердин остана без трофеј

Абердин не успеа да го прекине постот без трофеј што трае повеќе од една деценија откако тимот на нашиот Бојан Миовски го загуби денешното финале од шкотскиот лига куп од Глазгов Ренџерс со минимални 1-0.

Миовски, кој пред дваесетина дена стрелаше против Ренџерс во рамките од Премиер-лигата на Шкотска, овојпат не успеа да го повтори подвигот. Иако беше повреден и не тренираше со полна пареа во последниите неколку дена, Македонецот стисна заби и настапи од првата минута, но тој и неговите соиграчи не успеаја да најдат дупка во добро организираната одбрана на Глазгов Ренџерс.

Пресудна се покажа 77. минута во која противничкиот капитен Таверние најдобро се снајде, го матираше голманот на Абердин и му донесе трофеј на тимот на Глазгов Ренџерс, 28. севкупно за ренџерси во ова натпреварување.

Се вчитува...