Екипата на Еуро Никел во 12. коло стигна до деветтата овосезонска победа во Првата лига откако славеше на домашен терен над Академија ФМП со резултат 94-77. Гостите од скопска Кисела Вода играат се подобро во последно време, но вечерва немаа сили за изненадувања против расположениот домашен состав.
Академија ФМП добро парираше во првото полувреме, стартните десет минути завршија со 30-28, а на одмор се замина со 56-52. Сепак, искусниот кавадаречки состав го задржа темпотои во вториот дел, гостинската екипа загуби здив, па кавадарчани на крајот рутински славеа со конечни „плус 17“.
Смит Мекоувен со 23 поени беше прв стрелец на победничкиот тим, Дубински оствари дабл-дабл од 15 поени и 10 асистенции, додека кај гостите главен играч беше Удангиран со 21 поен и седум асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА