Мурињо полуде на сонародникот – го повлече Ренато Санчез по само 18 минута игра

Жозе Мурињо уште еднаш го покажа незгодниот темперамент кога фудбалерите не ги следат неговите инструкции на теренот, вечерва во Болоња негова „жртва“ беше Ренато Санчез.

Португалскиот фудбалер влезе во игра во второто полувреме, но само 18 минути подоцна мораше да го напушти теренот. Воопшто не стануваше збор за повреда, доказ за тоа беше и изненадувањето кај самиот фудбалер, кој разочарано го напушти теренот, минувајќи крај тренерот кој воопшто не му подааде рака за да се поздрави.

Санчез е дојден во Рома на позајмица од ПСЖ, а како што стојат работите тешко е да се поверува дека ќе остане подолго на „Олимпико“.

Се вчитува...