Ван Дајк: Само еден тим играше фудбал на дербито

Вирџил ван Дајк не го криеше разочарувањето откако Ливерпул одигра само 0-0 на дербито со Манчетер Јунајтед, резултат што значеше и губење на лидерската позиција во Премиер-лигата.

Холандскиот ас го критикуваше ултра-дефанзивниот пристап на противникот, истакнувајќи дека е изненаден што Јунајтед воопшто не се обидел да победи на „Енфилд Роуд“.

„Само еден тим играше фудбал и се обидуваше да дојде до пбоедата, но за жал тоа не се случи. Бевме супериорни од сите аспекти, сторивме се за да стигнеме до трите бода, но не успеавме. Кога ќе се види како доминиравме, јасно е дека моравме да триумфираме, особено бидејќи против себе го имаме Манчесстер Јунајтед. Само видете колку беа пресреќни што освоил еден бод, тоа кажува се“, изјави Ван Дајк.

Се вчитува...