Онана за „Енфилд“: Велеа било страшно, јас не почувствував ништо

Андре Онана сезонава многу често беше критикуван за своите грешки и слаби интервенции, но голманот на Манчестер Јунајтед бранеше одлично на денешното дерби со Ливерпул.

Камерунецот беше меѓу најзаслужните што неговиот тим успеа да освои бод, а по мечот тој го „пецна“ големиот ривал тврдејќи дека атмосферата на „Енфилд роуд“ воопшто не била така страшно како била најавувана во јавнсота.

„Велеа дека било страшно на Енфилд, јас искрено не почувствував ништо. Добро е што останавме без примен гол, но најважно на секој натпревар е да се стигне до победата. Кога си дел од голем клуб како Манчестер Јунајтед, мораш секогаш да одиш на победа“, порача Андре Онана.

Се вчитува...