Реал Мадрид игра одлично и има предност од 2-0 по првото полувреме против Вилјареал, но црна дамка на ова издание остави новата повреда што ја заработи Давид Алаба.
Одличниот дефанзивец тргна во дуел на противничката половина, но остана да лежи на теренот и веднаш стана јасно дека проблемот е сериозен. Алаба се држеше за левото колено, а по укажаната прва лекарска помош со помош на членовите на медицинскиот тим на Реал мораше да го напушти теренот.
Австриецот во последните години имаше неколку потешки повреди, па јасно е зошто во Реал стравуваат дека тој би можел да биде загубен дури и до крајот на оваа натпреварувачка сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

