Голден Стејт влезе во победничка низа, триумф и на Феникс

По серијата на три последователни порази, Голден Стејт Вориорс со победата од 114-118 на гостувањето кај Портланд успеа да влезе во победничка низа забележувајќи го вториот триумф едно по друго. До 12 победа во сезоната тимот го предводеше Томпсон со 28 поени, додека на спротивната страна со 30 поени, 7 скокови и 6 асистенции се истакна Грент.

На победите им се врати на Феникс кој на домашен терен го совлада Вашингтон со 112-108. Домаќините ги предводеше двоецот Дурент-Букер со 28 поени, 5 скокови и 5 асистенции, односно 27 поени и 8 асистенции, додека за гостите „дабл-дабл“ учинок од 26 поении и 17 скокови забележа Гафорд.

Во останатите натпревари:

Милвоки – Хјустон 128-119
Бостон – Орландо 114-97
Сан Антонио – Њу Орлеанс 110-146

Се вчитува...