Скок на 24 места за Магдалена Стоилковска на последниот ВТА ранкинг

Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска забележа скок од 24 места на последниот ВТА ранкинг благодарение на настапот на фјучрс турнирите во Шарм Ел Шеик. Таа сега се наоѓа на 1206. место.

Лина Ѓорческа пак забележа пад од едно место и сега е на 216. позиција во поединечната конкуренција. Во игра во двојки пад забележа пад од четири места и сега е на 367. позиција.

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски останува на 325. место, а нема промена ниту во ранкингот на Горазд Србљак кој останува на 1054. место.

Скок од две места забележа Обрад Марковски и тој сега е на 1463. позиција.

Се вчитува...