Легендата на Сан Антионио Спарс, Тони Паркер на натпреварот против Њу Орлеанс Пеликанс доби голема почест откако бројот „девет“ беше повлечен од употреба во негова чест. Французинот беше дел од тимот 17 години, период во кој заедно со Тим Данкан и Ману Џинобили осовои четири шампионски титули.
Паркер и понатаму е најдобар асистент во историјата на оваа НБА франшиза со 6.829 додавања, се наоѓа на четвртото место на листата на стрелците со 18.943 поени, а е и петти во категоријата на украдени топки со 1.032 украдени топки.
Tony Parker’s jersey is shining bright in the rafters of Spurs arena from now on☺️✨pic.twitter.com/RZLlsD4Piw
— BasketNews (@BasketNews_com) December 18, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

