Анчелоти по повредата на Алаба: Ќе мора да анализираме што е достапно на маркетот

Реал Мадрид се соочува со огромен неочекуван проблем откако остана без услугите на Давид Алаба кој во првото полувреме од средбата против Вилјареал заработи повреда која може да го оддалечи од теренот до крајот на сезоната.

По натпреварот целата ситуација ја коментираше тренерот Карло Анчелоти кој беше неверица од тоа што три фудбалери заработија иста повреда во само четири месеци, а и се осврна кон трансфер маркетот.

„Никогаш ми се нема случено тројца играчи да заработат повреда на вкрстени лигаменти во четири месеци, неверојатно“, изјави Ангелоти кој од 1995 година води клубови од најсилните европски првенства.

„Ќе видиме што може да направиме на маркетот во следните неколку денови. Ќе мора да издржиме како и досега. Веќе постигнавме повеќе отколку што било кој очекуваше од нас“.

Како потсетување, на почетокот на сезоната Реал Мадрид остана без Тибо Куртоа, а потоа иста повреда заработи и Едер Милитао.

Се вчитува...