Вториот тенисер во светот, Карлос Алкараз најверојатно ќе остане без тренерот Хуан Карлос Фереро на Австралија Опен. Според шпанска „Марка“, Фереро неодамна имал артроскопска операција на коленото, па нема да може да биде со својот пулен на почетокот на 2024 година.
Се очекува дека некогашниот број еден ќе мора уште некое време да оди со помош на патерици. Претпоставките се дека Фереро нема да може да биде со Алкараз до Мастерсот во Индијан Велс, кој е закажан за периодот од 6. до 17. март.
Шпанецот на 27. декември ќе игра на егзибиција во Саудиска Арабија против Новак Ѓоковиќ. Со него таму, но и на почетокот на сезоната ќе биде Самуел Лопес, кој ќе ја преземе тренерската улога.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

