Вардар доведе туниски десен бек

Двократниот ракометен европски шампион Вардар го доведе Тунижанецот Мохамед Тарик Бакар во своите редови.

23-годишниот десен бек тренира заедно со екипата на „црвено-црните“, а ќе стави потпис на договор со траење од година и половина, што значи дека во Скопје ќе остане до јуни 2025 година.

Мохамед Тарик Бакар има играно за сите младински селекции на Тунис, а во моментов се наоѓа и на поширокиот список на сениорската репрезентација. Пет сезони игра во сениорската лига на Тунис, и има настапувано за екипите на Клуб Африкан, Олимпик Солиман и Ксур Есеф каде беше претходната сезона.

Се вчитува...