Ограбена куќата на Кевин де Брујне

Провалници упаднале во домот на Кевин Де Брујне во Хојседен-Колдер, Белгија и украле неколку предмети.

Според полицијата, во моментот на грабежот немало никој во куќата и нема знаци на поголемо уништување на домот, а исто така не е објавено што точно е украдено.

Вилата која била цел на разбојници ја изградило семејството Де Брујне пред неколку години.

Асот на Манчестер Сити моментално се опоравува од тешката повреда и се уште е неизвесно кога ќе се врати на терените. Се уште не е познато дали брилијантниот играч за врска бил во Белгија во моментот на грабежот.

Се вчитува...