Навивачите на Ливерпул со шишиња фрлаа по клупскиот автобус на Јунајтед (ВИДЕО)

Ливерпул и Манчестер јунајтед одиграа без голови 0-0 во дерби натпреварот на англискиот фудбал кој се одигра вчера на „Енфилд роуд“.

Домашните навивачи не беа задоволни од бодот, па по мечот целата фрустрација ја исфрлиле со тоа што фрлале со стаклени шишиња по автобусот во кој се наоѓале противничките фудбалери.

Од Ливерпул веднаш испратиле извинување до лутиот ривал за немилиот настан.

Се вчитува...