Црвена звезда доведе американски центар

Фреди Гилеспи е нов кошаркар на Црвена звезда, потврдија од белградскиот клуб. Договорот беше потпишан до крајот на сезоната.

Гилеспи имаше просек од 2,2 поени и 2,4 скока во дресот на Баерн Минхен во Евролигата. Тоа е намалување на половина од дебитантската сезона во Европа за поранешниот студент на Универзитетот Бејлор, кој се пријави за драфтот во 2020 година.

Минатата година Гилеспи одигра 18 минути во дресот на Баварците и имаше просек од 3,7 поени и 5 скока.

Пред да одлучи да се проба во Евролигата, Гилеспи формално беше член на Мемфис Гризлис, Торонто Репторс и Орландо Меџик, но во поголемиот дел играше за развојните тимови на овие „франшизи“.

Се вчитува...