Кике Санчез Флорез e претставен како нов тренер на актуелниот освојувач на Лигата на Европа, шпанската Севилја.
Искусниот шпански стратег е дури третото име од почетокот на сезонава на клупата на тимот од „Санчез Писхуан“ откако претходно клубот од Андалузија го водеа Мендилибар (со кого Севилја ја освои Лигата на Европа минатата сезона) и Диего Алонсо.
Санчез Флорез потпиша договор со Севилја до 2025 година. Претходно тој во кариерата работеше и во: Валенсија, Бенфика, Атлетико Мадрид, Вотфорд, а последниот ангажман го имаше во Хетафе.
✍️ Quique Sánchez Flores, nuevo técnico del #SevillaFC. #WeareSevilla #NuncaTeRindas
— Sevilla Fútbol Club (@SevillaFC) December 18, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

