Илина и Ева Соколовски донесоа злато, сребро и бронза на Македонија

Илина и Ева Соколовски освоија злато, сребро и бронза на интернационален натпревар по ритмичка гимнастика.

Минатиот викенд во Падаборн, Германија се одржа Интернационалниот натпревар во ритмичка гимнастика, на кој учествува Илина(17) и Ева(13) како репрезентативки на Македонија. Ева во својата катергорија освои злато, додека Илина во двете категории освои сребро, односно бронза.

На натпреварот учествува над 150 натпреварувачки од повеке европски држави, како Франција,Бугарија, Чешка, Словачка, Полска, Швајцарија, Полска, Германија, Македонија…

И Илина и Ева настапија со по две кореографи, Илина со лента и топка, додека Ева настапи со хулохоп и лента. Ева беше перфектна и тргна се од рака и во двете кореографи го освои првото место, додека Илина настапи со нови кореографии, што се уште не и се добро извежбани, но тоа не беше пречка да го освои второто место со топка и трето со лента.

„Пре задоволни сме од резултатот. Што не следуваше за нашиот труд си земавме од тепихот, а тоа се пехарите. Горди сме на резултатот и на тоа што ја претставувавме Македонија во интернационални рамки. Не можеме да го опишеме чувството на возбуда кога не прогласија за најдобри и кога тргнавме по наградите со нашето знаме“, велат Илина и Ева.

Се вчитува...