Парична казна на Манчестер Сити поради дивеењето на фудбалерите на средбата со Тотенхем

Англиската фудбалска асоцијација го казни Манчестер Сити со парична казна од 120 илјади фунти поради однесувањето на фудбалерите на натпреварот против Тотенхем.

Инцидентот се случи на самиот крај на средбата кога судијата Сајмон Хупер прекина изгледен контра напад на „граѓаните“ и покрај тоа што прво досуди предност. Бесните фудбалери го опкружија судијата што беше прекршување на правилото Е20.1.

„Манчестер Сити призна дека не успеа да ги контролира играчите и да обезбеди достинствен начин на однесување во 94. минута од натпреварот. Независната Регулаторна комисија одлучи казна по сослушувањето“, стои во сооптението на ФА.

Интересно, претходно првиот човек на судиската организација Хауард Веб призна судиска вина во спорната ситуација, но и тоа не ја пречи комисијата да пресуди на голема парична казна.

Се вчитува...