Кевин де Брујне се врати на тренинзите (ФОТО)

Белгискиот репрезентативец од редовите на Манчестер Сити по повеќе месечната пауза поради повреда се врати на тренинзите на англискиот клуб кој во моментот е во Саудиска Арабија за настапите на ФИФА Светското клупско првенство.

Искусниот фудбалер од средниот ред заработи тешка повреда во првиот натпревар во сезоната, но рехабилитацијата оди според планот и се очекува во следните месеци и комплетно да конкурира за место во тимот на „граѓаните“.

Де Брујне е пријавен за настап на ФИФА Светското клупско првенство, но дали ќе настапи на следните натпревари останува неизесно.

Се вчитува...