Сферопулос: Не е затворена вратата за нови засилувања

Црвена Звезда денеска официјално ги засили своите редови со ангажман на американскиот центар Фреди Гилеспи кој покрај настапите за Баерн Минхен, зад себе има и НБА искуство настапувајќи за Мемфис Гризлис, Торонто Репторс и Орландо Меџик.

На него тренерот Јанис Сферопулос гледа како големо засилување во битката под обрачите, а интересно, грчкиот стратег не ја исклучи можноста и за дополнителни засилувања на веќе пополнетниот ростер.

„Од него очекуваме да ни донесе цврстина, енергија и добра одбрана. Секако тој е играч кој добро ја познава Евролигата. Не верувам дека неговото доаѓање ќе влијае лошо на играчите кои веќе се тука. Секој си има своја улога“, изјави Гркот кој потоа говореше и за дополнителни ангажмани.

„Отворени сме за можноста да ангажираме и други играчи кои можат да направат разлика. Ќе кажам одново, не сакам да доведам играч само да би го довел. Гужва е на пазарот, сите бараат играчи, а добрите во главно имаат договори, така да не е едноставно да донесеме засилување. Ќе работиме најдобро што можеме за со помош на менаџерите и претседателот да донесеме нови засилувања кои можат да ни помогнат. Ако најдеме таква опција, постои можност за нов ангажман“.

Се вчитува...