Бразилскиот Флуминенсе е првиот финалист во овогодинешното издание на ФИФА Светското клупско првенство откако во полуфиналниот натпревар против Ал Ахли славеше со 2-0.
Откако мрежите мируваа во првото полувреме натпреварот го отвори Ариас со гол од белата точка во 71. минута, а победата ја завери Џон Кенеди кој ја затресе мрежата во 90. минута.
CLASSIFICADOS!
FINALISTS!
النهائي
🇭🇺🇭🇺🇭🇺🇭🇺🇭🇺#ClubWC #FIFACWC pic.twitter.com/EfbZX3khjn
— Fluminense F.C. (@FluminenseFC) December 18, 2023
Во големото финале Флуминенсе силите ќе си ги одмери со подобриот од натпреварот помеѓу Манчестер Сити и Урава, додека Ал Ахли со поразениот ќе се бори за третото место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

