Четири екипи во Саудиска Арабија ќе се борат за трофејот во Суперкупот на Италија

Суперкупот на Италија кој во јануари 2024 година ќе се одржи во Ријад во Саудиска Арабија ќе претрпи промена во натпреварувачкиот систем и за трофејот ќе се борат четири екипи, потврди Фудбалската федерација на Италија.

Првиот полуфинален пар ќе го сочинуваат Наполи и Фиорентина и овој дуел е закажан за 18. јануари, а ден подоцна ќе се сретнат и Интер и Лацио. Финалето е закажано за на 22. јануари.

Италијанскиот Суперкуп прв пат беше одржан во Саудиска Арабија во 2018 година откако претходно беше одржуван и во Либија (2002 година), Соединетите американски држави (2003), Кина (2009, 2011, 2012 и 2015 година) и Катар (2014 и 2015 година).

Се вчитува...