Жирона се врати на врвот на табелата во шпанското првенство откако во 17. коло забележа убедлива победа од 3-0 над Алавес покажувајќи доминација и во натпреварот во кој тимот влезе како фаворит со оглед на резултатите во текот на сезоната.
Натпреварот го отвори Добвик со гол во 23. минута, а до полувремето мрежата ја затресе и Порту за предност од 2-0. Конечните 3-0 беа дело на Добвник кој реализираше од белата точка во 59. минута.
🏁 𝗙𝗜𝗡𝗔𝗟
⚽️ x2 Dovbyk
⚽️ @portu
💪 3 PUNTS MÉS!
🔴⚪️ #GironaAlavés pic.twitter.com/KvZCKlOajr— Girona FC (@GironaFC) December 18, 2023
Жирона одново има предност од два бода пред Реал Мадрид на врвот на табелата, додека Алавес останува на 13. позиција со 16 осовени бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

