Јувентус му одреди цена, но Влаховиќ не сака да си оди од Торино

И покрај тоа што пред неколку денови се појави информација дека Јувентус ја одреди цената за напаѓачот Душан Влаховиќ, и дека српскиот голгетер уште во јануари може да си замине од клубот, доколку некој ја плати бараната тума, меѓутоа фудбалерот нема намера да си оди.

Србинот не сака да чуе за опцијата да си замине од клубот, и покрај тоа што досега не ги оправдува платените 80 милиони евра за него. Сезонава има само пет постигнати гола во 14 натпревари, премалку за исполнување на амбициите на клубот.

Дополнително зошто Јувентус сака да го продаде е фактот што на лето платата ќе треба да му порасне за 12 милиони евра, согласно потпишаниот договор, и таа клаузула ќе се активира во јуни 2024 година. Неговиот договор е до 2026 година, и засега не е позната иднината.

Се вчитува...