Барселона е новиот клуб кој покажа интерес за романскиот репрезентативец и член на Џенова, Раду Драгушин. Каталонците се интересираат за 21-годишниот фудбалер, кого го гледаат како наследник на Роналд Араухо, за кого се погласни се шпекулациите дека би можел да се пресели во Баерн Минхен.
Драгушин игра и како централен стопер, но може да игра и како десен бек. Тој има договор со Џенова, со откупна клаузула од 30 милиони евра.
За овој играч се интересират и Тотенхем, Арсенал, Манчестер Јунајтед и Њукасл. Драгушин во минатото беше дел од Јувентус, но настапсамо за младинските категории на овој тим, и само со еден настап за „бјанконерите“, по што заминуваше на позајмици во Сампдорија, Салернитана и Џенова, а од оваа година е со пермантен договор во Џенова.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

