Машките младински репрезентации на Македонија се поставени на 17. место во рангирањето на ФИБА, последното за оваа календарска 2023 година.
Одличниот настап на нашата селекција „Под 20“ година Европското првенство во Скопје, каде го освои второто место, придонесе за зголемениот број на бодови, и на истекот на оваа календарска година, Македонија има вкупно 360.6 бодови, што е доволно за 36. место во оној поредок на ФИБА, гледано во светски рамки, или седумнаесетто кога станува збор само за младинските селекции од европскиот котинент.
Очекувано, Шпанија е лидерската федерација во овој машки сегмент на младинската европска кошарка. Шпанците имаат 745.9 бодови, нешто повеќе во однос на уште една велесила, како Франција (732.7 бода), а во ТОП 5 се уште и Србија со 690.1, Турција која има 686, и Литванија која комплетираше 680.8 бодови во финалното рангирање за годината која ја оставаме зад нас.
Во женска конкуренција, нашите селекции искомбинираа 113.9 бодови, и се поставени на 36. место во европскиот, односно на 79. место во светскиот ранкинг за оваа година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА