ПСЖ го добива првото зимско засилување

Париз Сен Жермен е блиску до официјализирање на првиот зимски трансфер, пренесуваат тамошните медиуми. Станува збор за младиот стопер Лукас Лопес Бералдо кој пред само една година заплива во професионалниот фудбал во дресот на бразилскиот прволигаш Сао Паоло.

Дваесетгодишникот кој за младинската репрезентација на Бразил забележа два настапи важи за еден од најталентираните фудбалери од неговата генерација и овој трансфер би го чинел францускиот шампион 25 милиони евра.

ПСЖ е задоволен со цената, задоволен е и стоперот од интерсот од францускиот гигант па само формалности го делат официјално да постане нов „светец“ во јануари.

Се вчитува...