Тибо Курота пред почетокот на сезоната заработи тешка поведа на предните вкрстени лигаменти на десното колено и за него сезоната 2023/24 заврши уште пред официјално да започне.
Белгискиот голман помина низ оперативен зафат, сега е во фаза на рехабилитација, а и покрај тоа што се очекуваше дека може да биде подготвен за следниот континентален собир кој ќе се одржи во Германија тој ја отфрли можноста.
„Со оглед на повредата, нема да можам да настапам на европското првенство. Прво морам добро да се опоравам, а покрај тоа не го знам ни датумот за враќање на теренот. Ако имам среќа тоа би било во месец мај, но нема да бидам сто отсто подготвен за големо натпреварување“, изјави Куртоа.
Голманот на Реал Мадрид има 102 настапи за белгиската репрезентација и неговото место во тимот низ годините беше незаменливо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

