Тринкиери: Одморот ќе ме направи подобар тренер

Италијанскиот стратег Андреа Тринкиери е без ангажман откако изминатото лето го напушти Баерн Минхен и до ден денеска останува слободен агент и покрај тоа што во изминатиот период се поврзуваше со превземање на неколку евролигашки клубови.

Тој беше мета на Фенербахче, но турскиот гигант на крајот се одлучи за Шарунас Јасикевичиус, беше желба и на Жалгирис со кој според литванските медиуми веќе имал договор и букиран лет за Каунас, но на крајот пресуди одлуката на раководството на клубот за промена на планот во „пет до дванаесет“ и продолжување на довербата кон Казис Максвитис.

Говорејќи за италијанските медиуми Тринкиери беше запрашан за интересот на турскиот и литванскиот евролигаш и истиот не го одби.

„Има тимови кои беа заинтересирани за мене. Но, и јас нема да ја прифатам првата понуда само за да се вратам на работа. Улогата на тренер останува врежана во мојот живот, но во моментот уживам и во одморот. И тој ќе ме направи подобар тренер“, изјави Тринкиери.

Се вчитува...