Иако ќе биде исклучително тешко да се оствари тоа, поради финансиската ситуација во клубот, Барселона и тоа како посакува во своите редови да ги задржи Жоао Кансело и Жоао Феликс и по истекот на позајмицата.
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта изрази отворено желба тоа да се случи. Шампионот на Шпанија бара начин како да се реши таа ситуацијата…
„Агентот кој ги претставува двајцата како и нивните матични клубови не запознаа со бројките кои би требало да ги испочитуваме ако сакаме да ги зачуваме во Барселона трајно“ – истакна Лапорта.
Кансело е под договор со Манчестер сити, а Феликс има договор со Атлетико Мадрид.
„Ние и двајцата ги сакаме во Барселона, не на позајмица, туку трајно да бидат дел од нашиот клуб. Ќе видиме како ќе се одвиваат нештата. Мислам дека на крајот сите заинтересирани страни ќе бидат задоволни“ – дополни Лапорта.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Барселона се обидува да издејствува нова позајмица за Феликс, а да ја намали цената на Кансело во преговорите со Сити од 25 милиони на 15 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

