Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа на стартот од новата година по вторпат во својата кариера ќе се бори за влез на главниот турнир од Грандслем турнирот Австралија Опен во Мелбурн.
Ѓорческа во јануари ќе се натпреварува во квалификациите за Австралија Опен, низ втор обид за место на еден од четири најпрестижни светски турнири.
Во првиот обид во 2017 година, македонската тенисерка беше само на чекор од место на главниот турнир. Загуби во третото квалификациско коло со 6-4, 3-6 и 2-6 од Швајцарката Стефани Вегел.
Претходно, Ѓорческа има квалификации и на УС Опен, Ролан Гарос и Вимблдон. Квалификациите на Австралија Опен стартуваат на 8. јануари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

