Црвена звезда доживеа нов пораз во Евролигата откако вечерва беше поразена на домашен терен од актуелниот шампион Реал Мадрид со 58-72.
Дека не е се како што треба во српскиот тим покажува најмногу изјавата на тренерот Сферопулос по мечот кој изјави дека Нејпир не ни сакал да настапи на денешниот меч бидејќи веќе преговарал со друг клуб.
„Шабаз е во преговори со друг тим. Тој ме замоли да не игра“, изјави Сферопулос по натпреварот.
На излезна врата е и центарот Мајк Тоби кој кариерата ќе ја продолжи во Тенерифе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА