Алба Берлин стигна до сензационална победа во Евролигата откако вечерва на домашен терен ја изненади Барселона совладувајќи ја со 74-70.
Откако по првото полувреме гостите го контролираа мечот и на пауза заминаа со позитива од три поени 38-41, во вториот дел се случи вистински пад кој домашниот тим го искористи на најдобар можен начин и на крајот стигна до конечен триумф од 74-70.
Лапровитола со 15 поени беше прво име на мечот, но и тоа не беше доволно за победа на Барса. Кај победникот 13 поени уфрли Томас, додека со еден помалку заврши Тиман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА