Трипие трагичар, Челси во полуфиналето на Лига купот (ВИДЕО)

Киран Трипие е трагичар за својот Њукасл во елиминацијата по изведување на пенали од Челси во четвртфиналето од англискиот Лига куп.

Гостите многу рано уште во 16. минута стигнаа до предност од 0-1 со погодокот на Калум Вилсон. И кога веќе се видоа самите во полуфиналето од Лига купот, следеше голема грешка на Киран Трипие по која Мудрик во 92. минута успеа да израмни на 1-1 и да го одведе мечот во изведување на пенали. Таму Трипие повторно беше трагичар откако не реализираше во втората серија, а Челси стигна до триумф од 4-2.

Chelsea [1] – 1 Newcastle – Mykhailo Mudryk 90+2′
byu/PSGCampus insoccer

Во полуфиналето по изведување на пенали се пласираше и Фулам кој беше подобар од Евертон со 7-6, додека Миделзборо славеше на гостувањето кај Порт Вејл со 0-3.

Последниот патник во полуфиналето од Лига купот ќе биде познат по утрешниот меч меѓу Ливерпул и Вест Хем јунајтед.

Се вчитува...