Атлетико Мадрид во луд натпревар одигра само реми 3-3 на домашен терен против Хетафе во меч од 18. коло во шпанската Ла лига.
Натпреварот дефинитивно го одбележа Антоан Гризман кој со своите два гола во 44. и 69. минута стигна до бројката од 173 во дресот на „јорганџиите“ со кои се израмни на врвот на вечната листа на овој клуб заедно со легендарниот Луис Арагонес. Стрелец за домашниот тим беше и Алваро Мората. И покрај тоа што имаа предност домаќините од 3-1 се до 86. минута, гостите со погодоците на Родригез и Мајорал од пенал во 92. минута на крајот стигнаа до реми 2-2.
За издвојување од мечот е и црвениот картон на домашниот фудбалер, Стефан Савиќ во 38. минута.
Atletico Madrid [3] – 1 Getafe – Antoine Griezmann 69' (Penalty)
by insoccer
Kонечно на триумф во Ла лига се радуваше и Севилја која во првиот меч под водство на Кике Санчез Флорес славеше на гостувањето кај Гранада со 0-3. Стрелци за тимот од Андалузија беа Педроса, Окампос и Серхио Рамос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

