Лилард испиша историја, „чуден“ трипл-дабл за Адетукомбо (ВИДЕО)

Кошаркарите на Милвоки славеа против Сан Антонио со 132-119 за 20-та победа од почетокот на сезоната.

Демијан Лилард на мечот стана осми активен играч кој постигна 20.000 поени во НБА лигата. Лилард заврши со 40 поени, четири асистенци, три скока и три украдени топки. Сега има вкупно 20.034 поени и е 51-ви играч во историјата на лигата, а осми активен кошаркар, кој постигнал повеќе од 20.000 поени.

„Не сакам да се правам како тоа да е ништо. Знам дека е сепак големо достигнување затоа што сум во ретко друштво“ – рече Лилард.

Активни играчи кои постигнале најмалку 20.000 поени се Леброн Џејмс, Кевин Дурант, Џејмс Харден, Расел Вестбрук, Стефан Кари, Демар ДеРозан и Крис Пол.

Во победата на Милвоки интересен „трипл-дабл“ имаше Јанис Адетукомбо од 11 поени, 16 асистенции и 14 скока. Кај Сан Антонио, Келдон Џонсон заврши со 28 поени и 12 скока. Виктор Вембанјама не играше поради проблеми со скочниот зглоб.

Се вчитува...