Во Мадрид го исмејуваат Чави – недолични сцени со навредливи пораки за тренерот на Барса (ВИДЕО)

Барселона минува низ лоши резултатски денови што претставува голем проблем за Чави Хернандез кој е под голем притисок. Во конкурентскиот Реал Мадрид, пак, сето тоа го следат со насмевка.

Тренерот на Барса во главниот град на Шпанија стана постајана мета на исмејување. Во емисијата „Ел Чирингуито“ направено е лажно интервју со Чави кое реално е прилично навредливо за тренерот на каталонскиот тим.

Уредниците на емисијата одлучија со помош на вештачка интелегенција да одработат „интервју“ со Чави со бројни навредливи прашања меѓу кои и она дали би сакал да биде градинар.

Мадридските новинари до максимум го исмејуваа легендарниот фудбалер покажувајќи крајна непрофесионалност. Сепак, веројатно таквите подкасти и дозволуваат несериозни бизарни сцени…

Чави, пак, во меѓувреме бара поддршка од јавноста за играчите и за клубот. Тој и натаму е убеден дека може да ја промени сезоната и да дојде до шампионската титула.

Се вчитува...