Ива Пројковска ќе суди во Прага

Нашата најдобра женски фудбалски судија, интернационалката Ива Пројковска есенва е навистина пребукирана на меѓународната сцена. Не случајно се наоѓа во групата на 20 елитни судии во Европа.

На 21. декември, Судиската комисија на УЕФА ја делегира за главен судија на мечот во Лигата на европските шампиони во Прага меѓу Славија Прага и Сент Полтен од Австрија. Ќе и помагаат Вјолца Изеири и Анјоха Фернандез Руиз од Андора.

За првапат во Лигата на шампиони за жени ќе има помошни судии и од други држави. Четврти судија ќе биде Ирена Велевачкоска. Во оваа „Б“ група се уште и Лион од Франција и Бран од Норвешка.

М.М.

Се вчитува...