Златан Ибрахимовиќ се одлучи да се врати на фудбалскиот живот, во својот Милан, овој пат како советник на сопственикот, човек задолжен за директна релација меѓу тренерот Пиоли, спортскиот директор и раководството на клубот.
Ибрахимовиќ речиси секогаш ќе може да биде со тимот освен на официјалните натпревари кога му е забрането да влегува во соблекувалната. За време на натпреварите единствено ќе може да биде на трибините, без можност за пристап до играчите и соблекувалната.
Причина за тоа не е одлуката на клубот, туку правилата на Серија А, според кои само одредени луѓе можат да влезат во соблекувалната. Ибрахимовиќ ќе мора да биде дел од организацискиот тим на „росонерите“ ако сака да биде и со тимот за време на официјалните натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА