Инцидент на „Стемфорд бриџ“: Навивач на терен го нападна голманот на Њукасл (ВИДЕО)

Челси го елиминираше Њукасл синоќа во четвртфиналето од Лига купот на Англија, но натпреварот мина во знакот и на инцидентот предизвикан од страна на еден навивач на „сините“.

Во судиското продолжение од второто полувреме еден навивач влета на терен и го нападна голманот на Њукасл, Мартин Дубравка.

Успеа да им избега на редарите и му се внесе во лица на голманот на Њукасл. Дојде до мал физички контакт, по што веднаш го напушти теренот…

Се вчитува...