Нотингем Форест го назначи Нуно Еспирито Санто за нов тренер

Екипата на Нотингем Форест доби нов тренер во името на Нуно Еспирито Санто. Санто потпиша 2,5 годишен договор и ќе го преземе кормилото веднаш, а ќе дебитира со натпреварот во сабота кога Нотингем игра против Борнмут.

49-годишниот тренер практично се враќа во Премиерлигата, каде работеше од 2017 до 2021 година во Вулверхемптон и Тотенхем, Во сезоната 2022-23 го предводеше тимот на Ал Итихад, но пред неколку недели го напушти кормилото на тимот од Саудиска Арабија. Санто беше тренер и на Порто, Валенсија и Рио Аве. Најмногу се задржа на клупата на Вулверхемптон, каде мина четири години.

Санто доаѓа на местото на Стив Купер, кој беше отпуштен по слабите резултати во Премиерлигата.

Се вчитува...