Емре Џан: Што е виновен тренерот ако топката ја погоди пречката?

Во Борусија Дортмунд работите не се сјајни. Тимот има една победа на последните осум натпревари во Бундеслигата, и од тука под удар е тренерот Един Терзиќ, кому му се најавува отказ доколку во јануари не ги подобри работите.

Веќе с споменува и новиот тренер во името на Оливер Гласнер, кој со Ајнтрахт Франкфурт ја освои титулата во Лигата на Европа, па дури едно време се споменуваше и Ерик тен Хаг, доколку си замине од Манчестер Јунајтед.

Вчера „милионерите“ одиграа само 1-1 против Мајнц на домашен терен, и неславно ја завршија годината. Тимот на Борусија водеше, Мајнц израмни, а потоа домашните имаа многу шанси, но не успеаја да дојдат до трите бода.

Интересна изјава даде капитенот на Борусија, Емре Џан кој на прашањето дали треба да дојде до смена на тренерот, тој одговори:

„Не можеме ништо да сториме со тренерот ако топката не сака да влезе во гол, и ја погоди пречката.“, рече Џан, алудирајќи на шансата на Борусија за 2-0, кога наместо во голот, топката заврши во рамката од голот и продолжи:

„Нешти не оди. Постигнаме гол, но беше поништен поради офсајд. Во првиот дел имавме пречка, и една ситуација кога чистеа пред гол линијата. Тоа се одлучувачки мигови. Не можам да се пожалам на соиграчите. Тие дадоа се од себе да победата, но нешто во моментов не оди како треба“, изјави Џан.

Се вчитува...