Бекер: Ѓоковиќ нема да доминира во 2024 година

Поранешниот легендарен тенисер Борис Бекер, очекува дека Ѓоковиќ ќе има уште една успешна година пред себе, но исто така кажа дека Србинот нема да биде доминантен како што беше во 2023 година.

Бекер вели дека за доброто на тенисот е младите тенисери да му се приближат.

„За тенисот најдобро би било Новак во 2024 година да има уште една одлична сезона, но и помладите тенисери да му се доближат. Оваа година беше доминантен, освои три грен слем титули, играше феноменално на Вимблдон против Алкараз, кој според мене е мечот на годината. Во тенисот не е вообичаено да играат 36-годишници. Навистина е неверојатно како игра Новак, како никогаш да не се заморува и не губи мотивација“, изјави Германецот и додава:

„Разликата помеѓу него и останатите очекувам да биде намалена. Ѓоковиќ би можел идната година да стигне до 1-2 Грен слема, но очекувам и Алкараз и останатите да бидат подобри. Се надевам деак ривалитетот на најдобриот тенисер на светот и останатите ќе продолжи, затоа што сите уживаат во тоа“, рече Бекер.

Се вчитува...