Поранешниот НБА кошаркар Ченс Команче, наводно призна на полицијата каква улога имал во убиството на моделот Марајна Роџерс, 23-годишна девојка од Вашингтон за кого беше организирана потрага пред деловите на телото да бидат пронајдени длабоко во пустините на државата Невада.
27-годишниот Команче, кои низ развојната лига избори место во Сакраменто Кингс, според полицијата, ги искажал сите детали околу планот за убиството на Марајна, кое го направил заедно со девојката Сакари Харнден (19).
Роџерс наводно имала проблем со Харнден, наводно поради некој часовник „Ролекс“, и поради тоа одлучиле да ја убијат. Команче на истражителите им кажал дека Сакари Ханрден со голи раце ја задавил Роџерс, а тој ја врзал за раце со кабел. Потоа го оставиле безживотното тело длабоко во пустината, и го покриле со камења.
Тоа се случило додека кошаркарот настапувал за Стоктон Кингс, и се случило непосредно пред гостувањето на екипата во Лас Вегас. Исчезнувањето на девојката е пријавено два дена подоцна, а потоа откако стигнала информацијата дека Команче и Харнден биле приведени, кошаркарот добил отказ од тимот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

