Судењето на бразилскиот фудбалер Дани Алвес кој е оптужен за силување ќе се одржи на почетокот на месец февруари 2024 година, соопшти судот во Барселона. Поранешниот фудбалер на Барселона и ПСЖ би можел да остане зад решетки до 12 години доколку биде прогласен за виновен.
Обвинителите бараат максимална казна за поранешната бразилска ѕвезда и отштета од 150.000 евра на оштететната, како и забрана за било каков контакт со неа во следните 10 години.
Инцидентот се случи во ноќен клуб во Барселона на 30 декември минатата година, е Алвес е во притвор од јануари оваа година. Притоа Судот ги одби барањата на Бразилецот да се брани од слобода поради опасност од негово бегство во Бразил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

